Кумановски мезал'к



Кумановски мезал' к

За 4 луѓе 

Сосојки:

300 гр јагнешки кукурек ( цревца )
300 гр јагнешки жеудник
200 гр јагнешки црн дроб
200 гр јагнешки бел дроб
300 гр јагнешко месо без коска
јагнешка марамица
1 поголем кромид
2 домати
2-3 пиперки
3-4 чешниња лук
1 голема лажица црвен пипер
магданос
брашно за валање на изнутриците
ловоров лист(1-3 по вкус)
коцка супа
сол и бибер
масло за јадење
                                         Како да се подготви оваа јадење ?
Пред готвење сето месо и изнутрици треба убаво да де измијат и исчистат. Пред готвење сето месо и изнутрици треба убаво да де измијат и исчистат. Оваа смеса треба уваво да се пропржи и да биде во поголема тава. Исецканото јагнешко месо и дробовите посолете ги и забиберете ги, па увалкајте ги во брашно. Вака припременото месо ставете го во тава на оган да се испржи. Во тенџере сипете вода и ставете коцка супа да зоврие, па од припремената супа сипете во тавата со динстан зеленчук. Во тавата со зеленчук додајте го црвениот пипер, сецканиот лук и ловоровите листови, додајте уште малку од супата, па ставете го внатре прженото месо. Тавата ставете ја на тивок оган покриена со капак да се „крчка“. Кукурекот и јагнешките желудци исецкајте ги на парчиња, посолете и забиберете ги.  Јагнешките црева ( кукурекот ) и желудците увалкајте ги во брашно и пропржете ги во истата тава каде се пржеше месото и дробовите. Ситно исецкајте магдонос и додајте го во тавата со супа и месо, додајте ги пржените црева и желудци, убаво измешајте за да се хомогенизира смесата. Вака припременото јадење се пресипува во земјани тави и се прекрива со јагнешка марамица, се затвора со капак и се пече во рерна на 250 степени околу 20 минути. На здравје 😀
Рецепт од Баба

Comments