Сосотјки:
400 г. грав
Кромид
Масло
Зачини (сол, бибер, сушен зеленчук, буковец, нане)
Како да се подготви оваа јадење?
- Го миеме гравот и го ставаме да се вари на тивок оган во сад со ладна вода. Кромидот го чистиме, миеме и сецкаме на ситни парчиња. Откако водата во која се вари гравот ќе добие жолта боја ја фрламе, го миеме гравот и додаваме нова загреана вода. Го додаваме и кромидот во водата и продолжуваме со варење на гравчето. Кога ќе биде сварено ја правиме запршката (масло, 1 лажица брашно, 1 лажица црвен пипер). На крај го ставаме во рерна да се потпече околу 15 минути на температура од 200 степени. Сервирајте со лепче и свежа салата. Одлично оди со маслинки, а за оние кои не постат периодов можете да го комбинирате со парче сирење. На здравје 😀
- Рецепт од Баба

Comments
Post a Comment